Свет

Тимошенко ќе се кандидира за претседател

Тимошенко ќе се кандидира за претседател

Еден од лидерите на украинската партија „Баткивщина“, Јулија Тимошенко ќе учествува на претседателските избори на 25 мај, соопшти лидерот на „Удар“, Виталиј Кличко пред новинарите, цитиран од „РИА Новости“.

Кличко прецизира дека Тимошенко му соопштила за својата намера за време на нивниот вчерашен разговор.

Пед неколку денови и поранешниот светски шампион во бокс најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина.