Тимошенко: Ослободувањето на Ходорковски, долгоочекувано и историско

Осудената поранешна премиерка на Украина, Јулија Тимошенко во јавно обраќање кон Михаил Ходорковски, гопоздрави неговото ослободување, нарекувајќи го амнестирањето на поранешниот директор на „Јукос“ долгоочекуван и историски настан за многу луѓе, пишува „Взглјад“.

Тимошенко изрази уверување дека кај Михаил Ходорковски се појавила особена инспирација да се обиде да го направи светот поправеден за многу луѓе.

„И како и многу други луѓе верувам дека ослободувањето на Михаил Ходорковски му даде на светот силен, интелектуален и морален воин, кој макар и малку ќе може заедно со другите да го приближи човештвото кон љубов и сочувство“, изјавила Тимошенко.