Тимошенко се закани: Ќе има трета рунда од револуцијата ако не бидам претседател

Поранешната украинска премиерка и еден од претседателските кандидати на претстојните избори, Јулија Тимошенко, изјави дека од сите политичари во Украина таа е единствено способна за спроведување на политичките реформи, што и се неопходни на земјата.

Таа отворено изјавила дека „Доколку граѓаните изберат друг кандидат, нема да може да се избегне третата рунда од револуцијата“.

– Не сакам веќе да бидам одговорна за пропаста на револуцијата. Ако Украина избере друг претседател, а јас всушност имам само еден ривал, мислам дека ќе мораме да почнеме трета рунда од револуцијата. Во спротивно, мислам дека нема шанси промените да бидат спроведени. Едноставно, јас ги познавам сите тие луѓе, истакна Тимошенко.

Предвремените претседателски избори во Украина се закажани за 25 мај.