Македонија

Медицина Тимот на Камилоски го изведе првото роботизирање на човек во Македонија (ФОТО+ВИДЕО)

Тимот на Камилоски го изведе првото роботизирање на човек во Македонија (ФОТО+ВИДЕО)

Колку и да звучи футуристички, но напредокот на медицината им овозможува на пациентите кои имаат повреда на зглобовите и на скелетот и кои досега живееле со болки да можат да ги заменат повредените делови и да продолжат да живеат ослободени од болка.

Ерата на замена на скелетот и зглобовите во човековото тело медицината уште се смета и за „роботизирање“ на човекот.

Првиот ваков оперативен зафат во регионот е изведен неодамна во Македонија.

Тим предводен од проф. д-р Виктор Камилоски, специјалист хирург-трауматолог на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје изврши доста комплицирана и најсовремена операција за скршеница во рамениот појас кај пациeнтка повредена при пад од втори кат.

Оштетените делови од коската на лопатката и горниот пол на надлакатната коска се заменети со најсовремена инверзна протеза од легура од кобалт и хром (стем) со полиетиленска гленосфера и централна единица испрскна со биоактивен калциумфосфатен спреј кој овозможува побрзо зараснување.

Оваа протеза ја менува природната анатомија на рамото и овозможува нормализирање на функцијата на оштетеното рамо. По закрепнувањето пациентката ќе има слобода во вижењето на рамениот зглоб, за разлика од претходно, кога речиси и да немала. Уште поважно, ќе има живот без болка.