Тимот на светот подобар од САД

Првиот ден од Ол Стар викендот почна со натпреварот “Rising Stars Challenge”, во кој тимот на светот ги совладаа кошаркарите од САД со 121-112.

За најкорисен играч беше прогласен Канаѓанецот Ендру Вингинс, првиот пик на минатогодишниот НБА драфт, кој за 23 минути на паркетот запиша 22 поени, 6 скокови и 4 асистенции.

Покрај него, во победничкиот тим се истакна и Руди Гобер, кој имаше учинок од 18 поени, 12 скокови и 3 рампи, додека Никола Миротиќ и Бојан Богдановиќ уфрлија по 16 кошеви.

Во тимот составен од домашни играчи наејфикасни беа Виктор Оладипо и Зек Левин со по 22 поени, а Треј Брук уфрли 17 коша.

Во Бруклин вечерва ќе се одржи натпреварот во тројки, а в недела од 2:30 часот по средноевропски време во Медисон Сквер Гарден е главниот натпревар помеѓу Истокот и Западот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.