Македонија

Тимот на Телеком и Т-Мобиле трчаше на Скопскиот Визер маратон за хуманитарни цели

Тимот на Телеком и Т-Мобиле трчаше на Скопскиот Визер маратон  за хуманитарни цели

Вработени во Македонски Телеком и Т-Мобиле од Македонија, Црна Гора и Унгарија успешно трчаа на Скопскиот Wizz Air маратон со што го исполнија условот за секој истрчан километар компанијата да донира по 1.500 денари за „Порака“-дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.

Деветнаесет од вработените учествуваа на полумаратонот од 21 километар, а еден на маратонот од 42 километри со што вкупната донација изнесува 11.000 евра.

„Предизвикот и мотивот за сите нас беше огоромен успешно да ја завршиме трката. Иако на моменти не беше едноставно да се истрчаат потребните 21 км нашата решителност беше пресудна да издржиме до крај за да ја соберме највисоката сума на донацијата која ќе ја добијат лицата со интелектуална попреченост. Се надеваме нашиот подиг ќе биде пример и за останатите наши колеги бидејќи грижата за добробитта на граѓаните и заедницата е една од клучните филозофии на Македонски Телеком и Т-Мобиле “ – изјави Димитар Ковачевски, директор на комуникации во Македонски Телеком и учесник на маратонот.

Донацијата ќе се реализира преку Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје, што ги застапува правата и интересите на овие лица на територијата на град Скопје.