Тимотеј: Вранишковски е полтрон и платеник

Расчинетиот владика Јован Вранишковски е полтрон и платеник на другите служби, смета Владиката Тимотеј по објавеното интервју на Радио Белград во кое Вранишковски тврди дека Македонската Православна Црква не може да добие автокефалност.

Ваквата теза на Вранишковски доаѓа во пресрет на очекувањата за обновувањето на дијалогот меѓу Српската и Македонската православна црква.

Расчинетиот владика Вранишковски во интрервјуто порачува:

Српската православна црква во преговорите што би почнале во мај не може да и даде автокефалност на Македонската православна црква и затоа она што е веќе дадено е крајната можност. Автономија под јурисдикција на СПЦ е она што го добила таканаречената Охридска архиепископија и до таму може да се оди.

Вранишковски, освен за иднината во интервјуто зборува и за минатито на МПЦ, односно дека црквата е создадена со политичка одлука за осигурување на македонскиот идентитет.

За портпаролот на МПЦ тоа е извртување на историјата.

Услов за одмрзнување на дијалогот МПЦ – СПЦ беше ослободување на Вранишковски од затвор.

Тоа го испорача рускиот Владика Иларион, а преговорите се очекува да почнат под покровителство и медијаторство на Руската православна црква.

Вранишковски по ослободувањето замина на лекување во Москва, по што замина во Белград.