Македонија

Тимови за проценка на штетите од невремето веднаш излегуваат на терен, Владата со вонредна седница

Тимови за проценка на штетите од невремето веднаш излегуваат на терен, Владата со вонредна седница

Договорено е да се отпочне веднаш со правење на комисии за проценка на штета која ќе оди паралелно, како се расчистува теренот и се овозможува тимовите за проценка да влезат, така тоа ќе се прави, истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров по денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Тодоров потенцираше дека ќе предложат до Владата прогласување на кризна состојба во траење од 15 дена во скопски и тетовски регион.

Според информациите Владата закажала вонредна седница во 16:30 часот, по што се очекува да биде прогласена кризна состојба.