Тимовите на СДСМ се партиска активност, и народот не треба да го интересира

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов изјави дека најавените пет илјади тимови, како дел од новата стратегија на СДСМ се веќе на терен. Но, тимовите се уште никој не ги видел, ниту трага, ниту глас од нив.

Тој не сакаше да открие никакви детали во врска со тимовите и начинот на нивното функционирање.

– Тимовите се теренска партиска активност на СДСМ и не гледам зошто би ве интересирало нешто повеќе околу тоа. Нема потреба од откривање на деталите, вели Шилегов за Нетпрес.

Меѓутоа и покрај тврдењето на портпаролот на најголемата опозициска партија во земјава дека тимовите се на терен, истите никаде ги нема и засега никој го нема почуствувано нивното работење.