Тина Мазе доминантна во Бивер Крик

Словенката Тина Мазе продолжува со одличните настапи на Светското првенство во Бивер Крик, откако триумфираше на трката во комбинација со што стигна до вториот златен медал.

Таа го освои првото место пред Австријките Никол Хосп и Михаела Кирхгасер.

Американката Линдзи Вон не ја заврши слаломската етапа и ги разочара домашните фанови, а следна шанса да ја прекине доминацијата на Мазе ќе има во четврток кога на програмата е велеслаломската трка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.