Тинејџер фотограф убиен во Сирија

Тинејџерот фотограф, Молхем Бакарат, чии „моќни“ слики за страдањето во Сирија, го обиколија целиот свет, е убиен на работна задача за агенцијата „Ројтерс“, додека фотографирал напад во Алепо.

Седумнаесетгодишниот Бакарат, кој како фриленсер од мај работел за „Ројтерс“ во Сирија, е убиен минатиот петок додека го фотографирал судирот кој што се водел меѓу силите на режимот на Башар ал Асад и бунтовниците во Алепо.

„Ројтерс“ ги обвини владините сили дека болницата во Алепо ја претворила во своја касарна.