Тинејџер инженер измисли систем за подобрување на квалитетот на воздухот во авионите

Рејмонд Ванг од Канада доби 75.000 долари како главна награда на Меѓународниот саем за наука и инженерство на Интел, за конструирање на нов систем за довод на воздух во авионските кабини како и намалување на преносителите на болести

Двајцата победници на Intel Foundation Young Scientist Awards, – Никол Тицеа од Канада и Каран Џерат од Френдсвуд, Тексас добија награди во вредност од 50.000 долари од Интел Фондацијата.

Системот на Ванг го подобрува дотокот на свеж воздух во кабината за повеќе од 190 проценти, додека намалувањето на концентрациите на патогени кои се вдишуваат е дури до 55 пати во споредба со конвенционалните дизајни, а може да биде лесно и економски исплатливо вградливо во постојните авиони.

Никол Тицеа, 16, од Канада е добитник на една од двете награди на Интел Фондацијата вредни 50.000 долари, за развивање на евтин и лесен за користење уред за борба против високата стапка на недијагностицирани ХИВ-позитивни лица во заедници со ниски приходи. Нејзиниот уред е за еднократна употреба, не користи конвенционален извор на енергија, обезбедува резултати за еден час и неговото производство чини помалку од 5 долари. Тицеа веќе има основано своја компанија, која неодамна доби грант од 100.000 долари за да продолжи да ја развива својата технологија.

Каран Џерат, 18, од Френдсвуд, Тексас ја доби другата награда за млад научник од Интел Фондацијата вредна 50.000 долари за рафинирање и тестирање на нов уред кој треба да овозможи подводните нафтени извори да се обновуваат побрзо и побезбедно после испумпувањето. Џерат разви систем кој ги одвојува природниот гас, нафтата и водата од океанот, се прилагодува на различни длабочини, големини на цефки и различни течности, може да превенира потенцијално затнување од метан хидрат.

„Интел верува дека младите луѓе се клучни за иновации во иднината и дека со цел да се соочиме со идните глобални предизвици, треба студентите од сите средини да ги вклучиме во наука, технологија, инженерство и математика,“ рече Венди Хокинс, извршен директор на Интел Фондацијата.

Оваа година на Меѓународниот саем на Интел за наука и инженерство беа вклучени околу 1700 млади научници избрани од 422 саеми во повеќе од 75 држави, региони и територии. Слично како и врвните победници, приближно 600 финалисти добија признанија и награди за нивната иновативна работа, секој доби по 5.000 долари. Интел Фондацијата исто така додели и грант вреден 1.000 долари за секое победничко школо или саем кој тие го претставуваат.

Меѓународниот саем за наука и инженерство на Интел е во служба на најдобрите студенти на наука, иноватори и инженери. Финалистите се одбираат годишно до стотици поврзани саеми. Нивните проекти се проценуваат на лице место од страна на околу 1000 судии од речиси секоја научна дисциплина, секој со докторат или шест години професионално искуство во една од научните дисциплини.

 

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Како лидер во општествената одговорност и одржливост, Интел ги произведува првите комерцијално достапни “conflict-free” микропроцесори.