Тинејџер – камиказа се исплашил и се предал во полиција

Тринаесетгодишно момче кое било претворено во жива бомба од страна на „Исламска држава“ пред да го иврши нападот се предомислило и се предало на полицијата на Ирак.

Несудениот терорист бил привлечен кон групата од Сирија и требало да изврши  самоубиствен напад во Багдад.

Во последен момент, сепак, момчето се исплашило и се откажало, и се пријавило  на ирачката полиција. Снимен е напнатиот  момент во кој експерти ги уништуваат експлозивите. Според официјалната информација бомбите успешно биле деактивирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.