Тинејџер од Битола ја претепал поранешната девојка

Триесет и седумгодишна битолчанка вчера во полициска станица пријавила дека истиот ден нејзината малолетна ќерка била претепана од поранешното момче.

Осумнаесетгодишниот А.К. насилно ја однел во неговиот дом, ја затворил во една од собите на куќата, каде физички ја нападнал со тупаници по телото и шлаканици по лицето, по што влегол неговиот татко , а малолетничката  успеала да излезе од собата и да ја напушти куќата.

По преземени мерки А.К. е приведен и против него ќе следува соодветна пријава.