Тинејџер пет дена преживеал под урнатините во Непал

Тинејџер денеска е извлечен жив од под урнатините во непалскиот главен град Катманду, цели пет дена по катастрофалниот земјотрес.

Екипа на американски спасувачи цела ноќ работеше за да го извлече 15 годишното момче кое веднаш беше пренесено во болница.

Лидерот на спасувачката екипа Ендру Олвера изјави дека тинејџерот не бил заробен на голема длабочина, но бил блокиран меѓу двата урнати ката на неговиот дом.

Според Министерство за внатрешни работи на Непал во разорниот земјотрес со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала што во саботата го погоди Непал животот го загубиле 5.057 лица, додека најмалку 10.000 се повредени.