Македонија,Крими хроника

Тинејџер претепал шофер на ЈСП

Тинејџер претепал шофер на ЈСП

Седумнаесетгодишно момче претепало шофер на автобус на ЈСП, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тинејџерот П.П. влегол во автобусот на ЈСП број 57, по што шоферот му побарал да покаже слободна карта или да купи билет, но тој наместо тоа почнал да го навредува, а потоа и физички го нападнал удирајќи го со тупаници по главата.

П.П. е приведен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.