Тинејџер претепан пред салата на клубот Работнички

Тинејџер од Скопје синоќа во 22 часот пријавил вчера дека околу 18 часот откако го напуштил градскиот стадион „Филип Втори“ (каде бил на работа како редар за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК Работнички и ФК Вардар), со неговиот другар се упатиле кон салата на КК Работнички.

На влезот од салата забележале десетина лица од навивачка група кои почнале вербално да ги навредуваат, а тој заедно со другарот влегле во возило на роднина, По ова, еден од навивачите го удрил возачот од возилото, а 17-годишниот скопјанец излегол од возилото за да избега по што бил физички нападнат и со стаклено шише го удриле по главата.

Малолетникот бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

МВР соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на насилниците.