Тинејџер швецувал мигранти, а немал ниту возачка дозвола

Полицијата уапсила криумчар на мигранти и открила деветмина илегалци, вчера кај Демир капија, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 18 часот на автопатот Гевгелија- Скопје, на клучка за село Миравци, полициски службеници забележале автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Возилото е сопственост на Н.С. (61) од Скопје, а управувано од скопјанецот Е.И. (19), кој возилото го управувал без да се стекне со право за управување на возило.

„Мерцедесот“ со голема брзина возел и се обидел да избега, па во близина на тунелот и мостот на реката Вардар кај Демир Капија автомобилот застанал. Од возилото излегле повеќе лица, по што „мерцедесот“ продолжил со движење кон Демир Капија. Кога возилото се исклучило од автопатот било запрено од полициски службеници.

На местото биле затекнати девет лица-мигранти, без документи за идентификација. Возачот Е.И. и мигрантите биле приведени во Полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.