Тинејџер убиен во полициско пукање во Сент Луис

Осумнаесетгодишно црномуресто момче доцна синоќа е застрелано од страна на полицијата на бензинска станица во предградие на Сент Луис, Мисури,

Полицаецот забележал двајца мажи во близина на бензиската станица и откако им се доближил, едниот од нив извадил пиштол и го вперил во полицаецот.  Исплашен за сопствениот живот, полицаецот испукал неколку куршуми, нанесувајќи му смртоносни повреди.

Отворена е истрага за инцидентот, а идентитетот на жртвата не откриен во интерес на истрагата.

Настанот е во момент кога регионот е зафатен од расни тензии откако во август годинава во Фергусон полицаец го застрела 18-годишниот Мајкл Браун.