Тинејџер удрил со автомобил во жена во Ѓорче и побегнал

Деветнаесетгодишен скопјанец денеска напладне удрил во возрасна жена на улица во скопската населба Ѓорче Петров и побегнал без да и’ укаже помош.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила во 12.15 часот на улицата Ѓорче Петров кога М.С. со својот автомобил „голф“ удрил во П.О. кој сакала да ја премине улицата.

По несреќата, жената со повреди е пренесена во Ургентниот центар.

Возачот, според неофицијални информации, откако удрил во жената побегнал, но полицијата за кратко го пронашла.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.