Тинејџерка побегна за да се бори за Исламската држава

Петнаесетгодишната Јусра Хусиен од Лондон избегала од дома за да се бори за Исламската држава.

Нејзините родители преку медиумите упатија апел до нивната ќерка да им се веати дома.

-Те молиме врати се, ние само сакаме да бидеш на безбедно, се огласија тажните родители.

Јусра е пријавена за исчезната од страна на нејзините родители од домот во Бристол минатата недела, а отогаш и се губи секаква трага.

Се верува дека наместо во училиште се качила на автобус во Лондон, за да се сретне со друга 17- годишна девојка и заедно со неа заминала во Турција.