Македонија,Крими хроника

ОБНОВЕНО: Тинејџерка прегазена од автомобил на Партизанска

ОБНОВЕНО: Тинејџерка прегазена од автомобил на Партизанска

Млада девојка вечерва е прегазена од автомобил на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Несреќата, според неофицијални информации, се случила околу 21 часот кога автомобилот удрил во тинејџерка кај бензинската пумпа „Макпетрол“ во Карпош 2.

Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила на раскрсницата од булеварите Партизански одреди и Октомвриска револуција кога автомобил „мерцедес“ со скопски таблички удрил во девојката.

Поради тешки повреди девојката, чиј идентитет засега е непознат, починала на самото место на несреќата.