Тинејџерка загина во тешка сообраќајка

Трагедија го потресе Сомбор откако загина тинејџерка. Според податоците на српскиот Курир, утринава во 4 часот автомобил кој бил управуван од 21-годишно момче загубил контрола и излетал од патот. Внатре во автомобилот се наоѓала и 16-годишна девојка, која за жал го загубила животот на местото на настанот.

Засега не е познат идентитетот на загинатата девојка.