Тинејџерка запознала странец на Фејсбук, па исчезнала

Во текот на вчерашниот ден исчезнала шеснаесетгодишната Елмедина Михмиќ од Брчко, ученичка во Средното земјоделско училиште. Нејзината мајка апелира до сите граѓани да јават ако знаат било што за неа.

– Ве молам само уште едно, молете се мојата Елма да ми се врати жива и здрава, наведува мајката, која се заблагодари на сите кои учествуваат во потрагата.

Како што пишуваат босанските медиуми, тинејџерката запознала непознат маж на Фејсбук и постои можност со него да отишла во непознат правец. Мајката стравува од најлошото, посебно после ужасните случаи во Србија кои се случија минатата година, кога две девојчиња смртно настрадаа.

Иако многу граѓани се јавиле, Елмедина сеуште не е пронајдена.