Тиоте прв во списокот на Манчестер Јунајтед

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и стандарден првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Њукасл, Чеки Тиоте, најверојатно ќе биде првата летна аквизиција на големиот ривал од Премиер лигата, тимот на Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми потврдија дека наследникот на сер Алекс Фергусон, Дејвид Мојес веќе ги информирал клупските челници дека сака во новата клупска сезона да ги има на располагање и услугите на 27-годишниот играч за врска.

Големата желба на Мојес лесно ќе стане реалност но само под еден услов, понудата на актуелниот шампион на Англија услугите на Тиоте, да не биде помала од 12 милиони фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.