Тирана: Косовските политичари треба да се дистанцираат од протестите

Министерството за надворешни работи на Албанија соопшти дека со посебно внимание ја следи политичката ситуација на Косово и искажа вознемиреност поради насилството на простестите во Приштина, пишува МИА.

Како што јави дописникот на МИА, во соопштението официјална Тирана го искажува ставот дека политичарите на Косово треба да се дистанцираат од протестите.
„Мирот и воспоставувањето на редот се значајно начело за да се отвори патот за решавање на проблемите и во служба на демократската стабилност на Косово“, стои во реакцијата на албанското Министерствио за надворешни работи.
Институциите на Албанија порачуваат дека во секој случај потребен е дијалог, а не влошување на состојбата со насилство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.