Балкан

Тирана на нозе: Торба со натпис „не допирај“

Тирана на нозе: Торба со натпис „не допирај“

Полицијата во Тирана се крена на нозе поради лажен аларм за поставена бомба. Станува збор за сомнителна спортска торба со натпис „не допирај“, која била оставена на клупа во паркот „Риниа“(Младост).

Првите сомнежи биле дека во торбата има експлозивна направа.

Големи полициски сили од повеќе сектори, меѓу нив и единицата за брза интервенција го обиколиле местото и не дозволувале приближување на граѓани. Од деталната контрола било утврдено дека во торбата имало разни нешта, меѓу нив и книги, но не и експлозивна направа.

Овој настан следува ден по поставениот експлозив во багажникот на автомобил на бизнисмен во Тирана. Околу 200 грама тритол бил поставен во автобоилот како заканувачка порака.