Македонија

Тирана: Не жртвуваме национален интерес за добрососедство – Атина: Постојано грешите

Тирана: Не жртвуваме национален интерес за добрососедство – Атина: Постојано грешите
Заострување на реториката меѓу Албанија и Грција по вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама дека нема да преговараат за националните интереси во интерес на добрососедството.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, грчките медиуми како провокација ги коментираат вчерашните изјави на Рама на прес-конференцијата со српскиот колега Александар Вучич во однос на албанското барање за решавање на прашањето со поморската граница со Грција, но и за изборот на Шпетим Идриз од според нив “екстремно националистичката” партија на Чамите, за заменик претседател на албанскиот Парламент. Од грчкото МНР предупредуваат дека услов за албанската интеграција во ЕУ е почитување на меѓународното право.
„Политичкото водство на нашата пријателска соседна земја прави грешки, со зборови и со дела, секој ден. Враќање кон логиката и почитувањето на законитоста и меѓународното право се најсигурниот пат за албанската европска перспектива”, се вели во реакцијата на грчкото МНР.
Еди Рама истакна дека никој не треба да биде изненаден од тоа што Албанија барала информации за грчките истражувањата во Јонското море, нагласувајќи дека не е тајна дека сеуште не почнало барањето на решение со новата влада во Атина во однос на прашањето од  национален интерес како што е поморската граница. Запрашан за изборот на Шпетем Идриз од партијата на Чамите (албанското население во северозападна Грција) за потпретседател на Парламентот, Рама истакна дека Албанија не може да замисли да и сугерира на Грција кого да постави во органите на власта, па според тоа и тие не можат да замислат Атина да го стори истото.
soros (1)
Ликот и делото на Еди Рама во грчката јавност се поврзуваат со Џорџ Сорос и неговите организации. Во декември минатата година грчките медиуми информираа за посетата на Сорос на Албанија, во чии рамки имал и три часовна вечера со Рама. Грчкиот портал “Дифенс поинт” неодамна информираше дека владата на Рама е во голема мера поддржана од Соросовиот систем.
Во анализата се вели и дека Сорос со помош на идеата за “голема Албанија” и радикалниот ислам се обидува да го држи балканскиот регион подалеку од руското влијание, но и од кинеските инвестиции како на пр. Патот на свилата, кој што од Грција преку Македонија треба да стигне до Унгарија. Едни од најгласните противници на увозот на радикални исламисти, според анализата на порталот, се израелските политичко-економски кругови, чие присуство во регионов е значително.