Тите останува селектор на Бразил до Мундијалот во Катар

Фудбалската федерација на Бразил го продолжи договорот со актуелниот селектор Тите, кој ќе остане на клупата на „кариоките“ до Мундијалот во Катар 2022. Челниците на бразилскиот фудбал одлучија да изберат континуитет намето промена, без оглед што Бразил дојде на СП во Русија како прв фаворит, но испадна во четвртфиналето по поразот од Белгија.

По елиминацијата од Мундијалот Тите не беше дочекан на „нож“, како што вообичаено за Бразил, туку доби подршка од јавноста па истата беше официјализирана од ЦБФ.

Тите го презеде кормилото на Бразил во 2016 година, за време на квалификациите и го замени Карлос Дунга поради лоши резултати. Бразил успеа да ги освои квалификациите и да биде првата селекција што обезбеди пласман на Мундијалот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.