Тите: Против Мексико треба да одиграме како против Србија

Бразил и Мексико во 16 часот го играат првиот натпревар од денешната осминафинална програма на Мундијалот во Русија. Бразил е фаворит, но Мексико нема лесно да се предаде. Мексиканците на последниот меч во групата фаза го расипаа впечатокот по победите над Германија 1:0 и Јужна Кореја 2:1, но против Шведска загубија со 3:0. Пласманот во нокаут фазат го обезбедија благодарение на поразот од Германија против Кореја.

Бразилскиот тренер Тите потврди дека Марсело нема да биде во стартната постава на Бразил во мечот против Мексико во осминафиналето на Светското првенство во Русија. Наместо дефанзивецот на „Реал Мадрид“ мечот ќе го почне Филип Луис и ова ќе биде единствената промена во однос на натпреварот против Србија во последниот круг од групната фаза.

Сепак, Тите објави дека Марсело сé уште може да влезе во играта ако тоа биде потребно.

Под нормални околности природно е играчите да се натпреваруваат за местото во првиот тим. Марсело тренираше, сака и да игра, но се покажа дека тој може да издржи само 45 или 60 минути. На крајот го прашав дали можам да сметам на него, и тој рече дека можам , рече Тита.

Првиот тренер на петкратниот светски шампион се надева дека неговиот тим ќе го повтори сето тоа добро од натпреварот против Србија.

Се надевам дека тимот ќе остане на ниво на последните две натпревари. Сакаме да го повториме физичкиот, тактичкиот, техничкиот и емоционалниот дел од последниот натпревар, рече Тите.

Мексиканците се свесни дека најголемата опасност ќе доаѓа од Нејмар, но капитенот на Мексико, Андрес Гуардадо вели дека имаат подготвено план како да го сопрат.

Сите го знаеме Нејмар и нема што ние да направиме. ФИФА и ВАР системот треба да се справат со неговиот начин на игра. Знаеме дека многу сака да ги преувеличува работите, да глуми, да паѓа и да се тркала по теренот. Затоа судиите треба да превземат мерки, а не ние, рече Гуардадо.

Досега Бразил и Мексико одиграле дури 40 меѓусебни дуели во кои очекувано „кариоките“ се многу поуспешни со 23 победи, а „сомбреросите“ победиле десетпати. Мексико против Бразилво досегашните пет меча на Мундијалите никогаш не успеал да ја погоди мрежата на „кариоките“. Бразил трипати победил и еднаш ремизирал 0:0 и тоа пред четири години на СП во Бразил .