Тито, Маркс и Енгелс насликани во Пеколот на фрескa во Црна Гора

Црногорска црква предизвика контроверзи во јавноста откако на нејзиниот ѕид беше насликана фреска на која е претставен поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито како гори во пеколот заедно со Карл Маркс и Фридрих Енгелс.

Оваа новоизградена црква на Воскресението е лоцирана во Подгорица и е жестоко критикувана поради својот раскошен дизајн.

Критичарите велат дека црквата не треба да се меша со политика.Авторот на овој контроверзен фрескоживопис е анонимен.

Делата на филозофите Маркс и Енгелс беа задолжителна литература во времето кога Црна Гора беше дел од комунистичка Југославија.

Еден црковен водач именуван само како Драган, за АФП изјавиl  дека “Маркс, Енгелс и Тито се персонификација на комунистичкото зло на Балканот” и дека “на уметникот му е дозволена уметничка слобода и гледање на работите како што тој сака”.

Посетителите во црквата имаат поделени мислења за тоа дали фреската треба да остане.