Тито Петковски најгласен за оставки, повторно одработува за туѓи интереси

Лидерот на НСДП Тито Петковски бил најгласен во заложбите да се бојкотира Парламентот и опозициските пратеници кои добија доверба од граѓаните на предвремените парламентарни избори да поднесат оставки за освоените пратенички мандати, брифираат партиски извори.

На овој начин, првиот човек на НСДП според познавачите одработува директно за интересите на други држави, како што е Грција, кои посакуваат политичка дестабилизација на земјава, силен аргумент кој потоа ќе можат да го употребат во обидот да и наштетат на Македонија на меѓународен план.

Ова не е првпат името на Тито Петковски да се става во корелација за одработување во корист на Грција. Јавноста ја памети неговата изјава од собраниската говорница, кога Петковски во улога на грчки националист се дрзна да предложи промена на името, играјќи ја улогата на “грчки пратеник“ во македонскиот Законодавен дом.

„Мојот став е географска одредница за која ќе се договорат Македонија и Грција“, рече Петковски во Собранието, притоа посочувајќи ги Горна или Северна Македонија како можни решенија.

Петковски сега повторно е најгласен кога треба да се носат одлуки кои можат да нанесат штета на државните интереси. Лидерот на НСДП е најгласен во идејата за враќање на пратеничките мандати и поднесување оставки, чекор кој директно и оди во полза на Грција и секако ќе биде главен грчки аргумент во обидите да се оцрни нашата земја. Како што нагласуваат експертите, не е исклучено поради ваквата деструктивна политика на опозицијата Македонија да ја загуби препораката за почеток на преговорите со ЕУ, што го посакуваат само оние што не и мислат добро на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.