Титовиот „Галеб“ оди под концесија

Локалните власти на хрватскиот град Риека објавија тендер за давање под концесија на бродот „Галеб“, кој е познат како брод на претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Цената на концесијата за „Галеб“, кој е прогласен за „заштитена културна сопственост на Република Хрватска“, ќе изнесува 10,3 милиони евра за период од 30 години.

Со тендерот се предвидува концесионерот во бродот да отвори музеј со површина од 507 метри квадратни, како и рекреативен објект, хостел, ресторан, конгресен центар и бар.

Крајниот рок за поднесување на понуди на тендерот е 24 март.