Магазин

Титулата „Најубави нозе“ ја доби манекенката Ангела Ѓоргиева

Титулата „Најубави нозе“ ја доби манекенката Ангела Ѓоргиева

Ангела Ѓоргиева е манекенката која ја доби титула „Најубави нозе“ на Модниот викенд во Скопје. За својот атрибут Ангела од организаторот на изборот, брендот за депилација Veet, ќе добие фотосесија како заштитно лице. Со тоа ќе започне и едукативната кампања наменета за млади девојки и жени.

„Среќна сум што сум единствената манекенка со „Најубави нозе“ во Македонија. Благодарна сум на брендот што ме избраа да бидам нивно заштитно лице, бидејќи како манекенка работам четири години, до сега учествував на два избори во нашата земја и еден меѓународен во Кина – World Super Model. Со задоволство можам да кажам дека Veet е мојот омилен бренд за депилација“, изјави Ангела Ѓоргиева, манекенка од модната агенција Подиум.

Veet во Македонија за првпат организира ваков избор за што беше во потрaга по манекенка со најубави и негувани нозе.Педесетина модели беа во конкуренција за избор на Најубави нозе на Модниот викенд во Скопје.