ТМРО: Aмнестијата е преќутно прифатена амнезија веќе 25 години

ТМРО упати реакција по вчерашната одлука за аболиција која ја донесе претседателот Ѓорѓе Иванов.

Криминалната приватизација на државниот имот во 1994, од страна на комунистичките олигарси помина до ден денес неказнето, или ако сакате преќутно се амнестираше, терористите и убијците на УЧК од 2001 не само што станаа власт туку и со закон се амнестираа, така да амнестијата е преќутно прифатена АМНЕЗИЈА во оваа чудесна земја веќе 25 години, но зачудува и иритира што досега никогаш немало никаква реакција на рушењето на правото, ниту од политичкиот а да не зборуваме за невладиниот сектор кои тогаш молчеа, стои во соопштението на ТМРО.