ТМРО бара реципроцитет со Албанија

Евентуалното укинивање на македонската општина Пустец во Мала Преспа и нејзиното припојување кон етнички чиста албанска општина Полени, преку измена на албанскиот закон за територијална организација, би значел отворен напад на Македонците и Македонските национални интереси, па логичен одговор на Република Македонија би бил вракање на старата територијална организација од пред 2004 и вракање во старите општински граници на Струга,Кичево,Чаир,како и ново Општинско реорганизирање и формирање Македонски Општини во Тетово и Гостивар, сметаат од партијата ТМРО.

Оттаму очекуваат македонската влада цврсто да застане зад Македонците во Албанија во остварувањето на нивните права, да изврши дипломатски притисок врз Албанија, ОБСЕ, ЕУ, САД на начин што реципроцитетно ќе се реагира на однесувањето на Албанската влада, што би значело колкави права имаат Македонците во Епир односно денешна Албанија,толкави ќе бидат и правата на Албанците во Македонија.