ТМРО: Да се прогласи вонредна состојба поради земјотресите

Претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански, бара владата да прогласи вонредна состојба во земјата, поради серијата земјотреси кои се случија во изминативе денови.

Во градот Скопје и околината, владата веднаш да прогласи  вонредна состојба. Силните земјотреси кои два дена постојано го тресат Скопје, предизвикаа не само вознемиреност, туку и реална паника меѓу населението. Не постојат нормални услови за работа на институциите, а за училиштата и за градинките да не зборуваме, со оглед на постојаните стресови предизвикани од силните потреси, од кои норманиот живот во овие денови е невозможен, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.