ТМРО: Доделувањето на „Јасен“ на Села е удар врз безбедноста на земјата

Доделувањето на управување на резерватот „Јасен” во рацете на партијата на Зијадин Села е сериозен удар на безбедносните капацитети на македонската држава, реагираа во вторникот од партијата ТМРО.

Во соопштението се истакнува дека имајќи го предвид значењето на „Јасен” како стратешка воена зона, во партијата сметаат дека станува збор за очигледно испорачана фактура за поддршката на парламентарното мнозинство.

„За ТМРО, давањето на директорување на еден од трите државни најважни безбедносни објекти на политички субјект кој отворено се залага за уривање на унитарниот карактер на државата не е само политички превид, туку намерна грешка, чии последици допрва ќе се почувствуваат“, се предупредува во ракцијата.