ТМРО: Хашкиот трибунал е механизам за смислено креирање кризи

За  ТМРО  Хашкиот Трибунал, претставува механизам на Меѓународната заедница за смислено  креирање на кризи, стои во писменото соопштение што денеска партијата го упати до јавноста.

„Селективноста на постапките кои изминатата деценија се водеа во трибуналот и нивното селективно враќање на домицилните држави во одбран момент,претставува директна режија на дестабилизација. Враќањето на Македонските – 4 предмети, од кои за еден имаа сериозни докази, нивното чување под тепих,претставува индикација дека се работи за слично сценарио со временото необјасниво пуштање на Шешељ и дестабилизацијата која таму следи, временски во ист интервал и со отварањето на Македонскиот врел лонец“, велат од ТМРО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.