ТМРО: Исто воено сценарио, очигледно режисерот е ист

Во 2001 – вата на Караулата Кодра фура до с.Танушевци,40-тина униформирани лица со ознаки УЧК кои прв пат се појавија, заробија 4 граничари на АРМ, кои после 12 часовно заложништво беа ослободени, со напомена за половина час да заминат од местото, вели во писмено соопштение упатено до јавноста ТМРО.

„Условот тогаш беше да бидат трампани за извесен Џавид Асани.Ова беше првата акција на УЧК, по што започна војната  во  2001. Вчера на 21 април 2015 во с.Гошинце на Караулата беа заробени 4  Македонски граничари,кои после 12 часа беа ослободени,со напомена за половина час да заминат од местото“, стои во соопштението.

Од партијата велат дека останува нејасно дали имало и овој пат некој услов за ослободување на граничарите или било со друга цел.

За ТМРО двата настана се Дежаву, сценариото е потполно исто, дури и бројот на луѓе, реченици…. Очигледно режисерот е ист.