ТМРО ја поздрави одлуката за поставување ограда на јужната граница

ТМРО ја поздравува одлуката на Македонскиот државен врв за поставување бодликава ограда на јужната граница, како мерка за спречување на  влез на мигранти. ТМРО беше прва и единствена партија која уште пред пет месеци побара поставување ограда, со цел зачувување на Македонскиот карактер и христијанските темелни вредности.

Планинскиот џеб кај Дојранското езеро на тромеѓето е зелената трансферзала-ЗЕТРА, планински канал од Истанбул, преку Македонија до Европа, од каде децении наназад се врши шверцот на дрога и оружје, и тоа е местото од каде и сега илегално влегуваат мигранти. За ТМРО ова е  клучниот дел кој покрај со  бодликава ограда, мора да биде обезбеден и со воено присуство, под полна воена  опрема. Одговорот на прашањето, зошто не е евидентиран влезот во РМ на  еден од терористите во Париз е токму, неговиот илегален премин преку коридорот ЗЕТРА, се вели во соопштението на ТМРО.