ТМРО: МАНУ да излезе со став за платформата на Албанците

Македонската Академија на Науките и уметноста, да излезе со став за Платформата на Албанските партии која има  отворени претензии врз Македонската државност, апелираат од ТМРО.

 Доколку во МАНУ седат навистина етнички Македонци, сигурно е дека нема како најповикана државна научна институција, да молчат на овие отворени претензии, без соодветна реакција, што е симптоматично. ТМРО изразува сериозен  сомнеж за активностите на МАНУ, каде децении наназад на чело се наоѓаат етнички немакедонци, што директно се одразува и во немањето официјален национален став, кој треба да дојде од МАНУ, но очигледно такво нешто нема, стои во соопштениео на ТМРО.