Политика

ТМРО: Мара Бунева е Македонка, а нејзиниот чин на саможртва достоен за почит.

ТМРО: Мара Бунева е Македонка, а нејзиниот чин на саможртва достоен за почит.

Мара Бунева е чиста Македонка, родена во Тетово, која во 1928 година прави чин достоен само за великаните, односно извршува атентат над Српскиот обвинител во Скопје Велимир Прелиќ, човекот симбол на Српскиот терор и ропство, сметаат од ТМРО.

„Искривувањето на историјата и вистината ,и тврдењата дека Бунева била бугарка е Српска пропаганда ,со цел да се оправда соживотот во СФРЈ,како и да се сокрие Српската окупација на Македонија ,Она што Македонската држава требаше да го направи е достојно да се одбележи нејзината саможртва и таа да постави спомен обележје,а не да се дозволи присвојување на нејзиното дело за туѓи интереси и конечно да се каже вистината, за оправданоста на нејзиниот херојски чин, атентатот над Српскиот окупаторски чиновник Прелиќ“, се вели во соопштението од партијата на Ванчо Шехтански.