ТМРО: МВР веќе 21 година се однесува чудно – не ги откриваат нарачателите и извршителите на атентатот на Глигоров

Интегрален текс од соопштениео на ТМРО:

Не денешен ден 3- ти Октомври 1995 г. во центарот на Скопје беше извршен атентат над претседателот Киро Глигоров.

Настанот се случи само еден ден после неговото враќање од Белград и разговорот со Милошевиќ, а веќе на 5 – ти Октомври собранието на РМ  со гласање го промени знамето со шеснаесеткракото сонце, како и измените во Уставот со кој македонската држава се откажува од грижата за Македонците во соседните земји, законски измени кои тогашниот  штотуку новоименуван вршител на должност претседател и на собранието и на државата  во отсуство на Глигоров, експресно го потпиша.

Според ТМРО, нашето МВР  и безбедносните служби се однесуваат чудно веќе 21 година, без откривање ниту на нарачателите ниту на извршителите, за настан после кој дојде до рекомпонирање на државното и уставното уредување на Македонската држава.