ТМРО очекува Шилегов да го отстрани и споменикот дивоградба на УЧК во Чаир

Ванчо Шехтански, лидер на политичката партија ТМРО, очекува скопскиот градоначалник Петре Шилегов да постапи по одлуката од февруари 2016, која Коце Трајановски нескаше да ја спроведе и веднаш да го отстрани споменикот на УЧК , кој е дивоградба во скопската населба Чаир.

„Споменикот на УЧК, кој е дивоградба во Чаир, градските власти мора да го отстранат со оглед да Општина Чаир нема донесено таква поединечна одлука.

Второто прашање е зошто претходната власт не ги легализираше спомениците во централното подрачје, иако ако сакаше тоа во секое време можеше да го стори. Ваквиот политички спин, личи на свесно давање алиби на сегашната номенклатура да ги отстрани сите нелегални градби, Ќосето, Филип, Александар, кои случајно се и дел од пакетот Грчки барања“, наведе претседателот Ванчо Шехтански.