ТМРО: Постапката на министерот за правда кон ТМРО е кривично дело

Министерството за правда и ресорниот  министер, случајно или не, не постапија по законската обврска од член 10 од Законот за финансирање на политички партии,па заклучно со истекот на тековната година,  единствено на партијата  ТМРО не е и исплатија парични средства за учеството на локалните избори ,и освоениот потребен ценсус, тврдат од партијата на Ванчо Шехтаски.

„Добиениот писмен одговор, дека средствата наменети за партијата ТМРО се исплатени  на друга партија е несериозен и ако е така,тогаш  ваквата постапката е класична злоупотреба на службена положба и овластување,што претставува кривично дело.

Се работи за едностран  преседан во финансирањето на партиите и нивен нееднаков и селективен третман, насочен директно и на нивното нормално функционирање. Без исполнување  на  оваа  законска  обврска  нелогично и невозможно  е  наше учество   во  претстојниот  изборен  процес , заради што ќе бидеме принудени да ги известиме и меѓународните преставници во земјава“, се вели во соопштението од ТМРО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.