недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

ТМРО повикува на времена забрана на невладините организации

tmro

Последни вести

ТМРО го повикува државниот врв итно да донесе мерки за времена забрана за дејствување на сите невладини организации во земјава, бидејќи како што велат, истите не се бават со својата регистрирана дејност, туку директно се впуштаат во политичко дејствување против уставното уредување на Македонија.

Синоќешните насилни протести во Скопје, се последна опомена дека толеранција за таканаречените невладини организации Македонската држава несмее да има. Овие странски разузнавачки испостави се со една цел, а таа  е против суверенитетот на oваа држава. ТМРО го повикува државниот врв ИТНО да донесе мерки за времена забрана на дејствување на сите невладини организации на територијата на Македонија, со оглед да истите не се бават со својата регистрирана дејност, туку директно се впуштаат во политичко дејствување наменето против уставното уредување на Македонската држава, истакна претседателот на ТМРО – Ванчо Шехтански.

Најчитани вести