ТМРО: Преговори на сметка на македонските национални интереси не смее да има!

Интергрален текст од соопштението на ТМРО:

Албанските партии меѓу другото со таканарачената платформа побараа извинување од Македонците за сторен геноцид врз Албанците и владеење на правото???
Етничкото чистење континуирано до ден денес го спроведуваат токму тие со нивната платформа од Призренската лига 1878 , а два века Качачките банди вршат геноцид и етничко чистење  над Македонците во северозападна Македонија. Стотици села се насилно иселени.

Балистичките фашисти  на Џемо и Мефаиљ во периодот 1941-45 направија невидени злосторства над Македонското население засекогаш протерувајќи ги од вековните огништа, во 2001 УЧК ги протера Македонците од Арачиново и Тетовско, вршеше Воени злосторства над цивилно население, за кои во 2011  ако се сеќаваат добија Амнестија, за сега сето тоа да го искривуваат и тие да бараат извинување за геноцид и владеење на правото, но забораваат дека прво со што би требало некое неутрално СЈО да се бави е со воените злосторства во 2001 и укинување на амнестијата.

ТМРО како дел од коалицијата за подобра Македонија, даде целосна Поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во составувањето на парламентарно мнозинство и состав на влада, но преговори со било кого на сметка на национални македонски интереси не треба да има, зошто тоа нема цена,  истакна претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.