ТМРО: СДСМ да се изјасни дали е за двојазичност на цела територија на Македонија

ТМРО бара од СДСМ јавно да се изјасни, дали е за унитарна Македонија и дали е за двојазичност на целата територија на државата.

Сметаме дека Македонскиот народ, во предизборието има право да знае за каква држава се залагаат претендентите за носители на законодавната и извршната власт, и што се ветува на Албанскиот електорат а е на штета на  Македонските национални интереси, посочуваат од ТМРО.