ТМРО: Сквернавењето на православни објекти не е наивна или случајна вандалска работа

ТМРО изразува загриженост од последните смислени и координирани грабежи на македонски  православни цркви во Дебарско,Струшко, Кичевско,Тетовско ,како и сквернавењето на Македонските православни гробишта во село Брњарци, Скопско, со што се уриваат вековниот меѓурелигиски и меѓунационален соживот.

„Ова не се случајни и ситни грабежи или сквернавења гробници, ова е смислен чин на етничко и верско чистење во северозападна Македонија секогаш пред православни празници,овој пат на ден Задушница, а пораката е директно упатена до македонското православно население“, се вели во соопштението од ТМРО.

ТМРО ја повикува Исламската Верска Заедница да се огради  и да ги осуди  пљачосувањето и сквернавењето православни  објекти